четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево и топло време до утре, од петок пороен дожд и силен ветер

Минималните температури ќе бидат од -2 до пет, а максималните 16 до 22 степени. Во Скопје слично време со температура од два до 20 степени.
Сончево и топло време до утре, од петок пороен дожд и силен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат од -2 до пет, а максималните 16 до 22 степени. Во Скопје слично време со температура од два до 20 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер.

Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи.

Најнови вести