петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево време со магла по котлините

Сончево време со магла по котлините

Во поголем дел од државата денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската Котлина, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Во вторник попладне ќе започне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла. (МИА)

Најнови вести