Сончево со мала до умерена облачност. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег.
Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во ноќните часови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне 6 степени.