петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево време со мала до умерена облачност, за викендот сончево и топло време

Сончево време со мала до умерена облачност, за викендот сончево и топло време

Времето утре во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 сѕепени, а дневните од 14 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи.

Најнови вести