Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска во седиштето на Синдикатот одржаа уште една средба за преговори за повисоки плати и за колективните договори во основните и средните училишта во рамки на новиот десетдневен рок за усогласување на отворените прашања со посредство на помирувач.
По двочасовната средба не беа соопштени детали од средбата, а нова СОНК и МОН ќе имаат в петок. Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.