Сообраќајот на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на делница Пресека – Песочан, денес во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, поради изведување работи на пат (минирање), информираат од АМСМ.
Од АМСМ, исто така, информираат дека поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, а на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори, исто така, е во прекин поради нанос на коловозот и поплава.
Од АМСМ, инфомираат дека екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.