Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на Главниот координативен штаб.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. се одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Дoo “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај сè додека траат градежните работи.
ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница Демир Капија – Смоквица, за време на изведување на градежни работи -електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година).
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г.П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Информации за движење низ ЈАСЕН
Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:
Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот
Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот
ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
(02) 15-555