Попладнево приврзаници на „Македонија блокира” предводена од Јанко Бачев од „Единствена Македонија” времено го блокираа граничниот премин „Богородица” во делот за влез во земјава.
Во моментот протестантите се повлечени од граничниот премин „Богородица” каде сообраќајот се одвива нормално на излез и влез во земјава.
Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени од тука да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат битката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот отпор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.