Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај. Геодетски и геомеханички истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 19:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде 5 дена, односно почнувајќи од денес 18.11.2019 г. до 22.11.2019 г.
Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен , преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.