Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег, посебно во западниот и југозападниот дел од земјата каде во текот на ноќта имаше интензивни врнежи од снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Плетвар беше укината во 5 часот.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.