среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот прекинат кај Мокрински Извори, по една коловозна лента кај Миладиновци поради одрон

Сообраќајот прекинат кај Мокрински Извори, по една коловозна лента кај Миладиновци поради одрон
илустрација

Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на 10 километри пред Миладиновци е пренасочен само на една коловозна лента, во должина од 150 метри, соопшти вечерва АМСМ.

Автомотосојузот информира дека на самото место на одронот, на патниот правец А2, Свети Николе – Миладиновци, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и препорачува учесниците во сообраќајот да возат внимателно.

АМСМ информира и дека поради нанос на коловозот и поплава е прекинат сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински Извори и дека екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

На државните патишта сообраќајот се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најнови вести