Поради изведување на градежни работи од изутринава во осум часот целосно е прекинат сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип-Делчево на потегот од местото викано „Компосара“ до „База Гранит“.
Прекинот на сообраќајот ќе трае до 15 часот попладне, а до тогаш ќе се пренасочува преку Кочани, соопшти АМСМ.