четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Соопштение од Макпетрол по лажните СМС пораки за добиени награди

Соопштение од Макпетрол по лажните СМС пораки за добиени награди

„Макпетрол“ АД Скопје ја информира јавноста и надлежните институции дека е забележана активност на непознат субјект кој претставувајќи се лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда.

-Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна секогаш со вас“. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб страни на компанијата и програмата за лојалност Верна, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна, секогаш со вас“ која се емитува на ТВ Телма. Дополнително, после секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол центар на компанијата, се вели во соопштението на компанијата.

Од „Макпетрол“ АД Скопје велат дека веќе го пријавиле случајот кај надлежните институции, а ги советуваат граѓаните доколку добијат вакви или слични смс пораки да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни.

Најнови вести