петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопругата на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, добивала тендери под притисок на сопругот

Сопругата на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, добивала тендери под притисок на сопругот

Дали Поцков вршел притисок неговата сопруга да ги зема тендерите во Општина Гевгелија?, ова го прашува порталот Сигнал и Имфомакс.

Сопругата на градоначалникот на Гевгелија, Бети Поцкова, вработена во АД „Осигурителна полиса” – Скопје, експозитура Гевгелија, добивала тендери во јавните институции по доаѓањето на СДСМ на власт.

Бети Поцкова ги добила следниве тендери:

Општина Гевгелија

Договор за осигурување на недвижен и движен имот (моторни возила и опрема) во сопственост на општина Гевгелија и колективно осигурување на вработените

бр.03-380/1 од 01.03.2018  вредност 134 701 денари

ЈПКД Комуналец Гевгелија Договор за Осигурување на имот, градежни објекти, опрема, компјутерска опрема и осигурување од општа одговорност, професионална одговорност од дејност, осигурување на пари во каса и транспорт и каско осигурување на возила

бр.05-773/12 од 04.06.2018

вредност 69 485 денари

ЈЗУ Општа болница –Гевгелија

Договор за осигурување на имот, опрема, компјутери, залиха, професионална одговорност, автоодговорност и каско                                                                                       

бр.05-787/11 од 18.12.2017

вредност 176 408 денари

ЈЗУ Здравствен дом Гевгелија Договор за осигурување на имот и опрема

бр.05-51/15 од 20.03.2018

вредност 86 023 денари

ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци                                                                                                                                                                                                         

Договор за осигурување на имот, автоосигурување, каско и осигурување од лекарска грешка                  

бр.03-231/10 од 05.12.2017

вредност 107 380 денари

Градоначалникот извршил притисок и и доделил тендер на сопругата за Договорот помеѓу Општина Гевгелија и АД Осигурителна полиса Скопје за осигурување на движен и недвижен имот и колективно осигурување на вработени, каде што потпишан е раководителот на секторот за урбанизам Станка Карајанова, наместо градоначалникот Сашо Поцков

Наши извори велат и дека приватните и правни лица во општина Гевгелија, особено транспортните компании биле под огромни притисоци од градоначалникот Сашо Поцков да склучуваат договори со АД “Осигурителна полиса” – Скопје за осигурување

Наместо добро менаџирање на Општина Гевгелија, приоритет на Градоначалникот Сашо Поцков е лично богатење за него и неговите најблиски!

Општината има најслаб реализиран буџет заклучно со третиот квартал од 27,8 %, а нема ниту еден нов капитален проект или инвестиција, освен еден – цената за прочистување на отпадните води со која буквално се пљачкосуваат граѓаните на Општина Гевгелија.

Во немање време за нов проект и зафатен со лично богатење, Градоначалникот Сашо Поцков се слика на проекти започнати во време на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести