среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопругата на Жарко Луковски, за „Фокус“ ја открива причината за неговата смрт

Сопругата на Жарко Луковски, за „Фокус“ ја открива причината за неговата смрт

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28-ми ноември, на 57-годишна возраст, предизвика низа на шпекулации во јавноста.

Со цел да стави крај на шпекулациите, неговата сопруга Ивана Луковска, за „Фокус” ја откри причината за неговата смрт.

-Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок – појаснува Луковска, додавајќи дека нејзиниот сопруг не починал во Србија, како што некои медиуми објавија, туку во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

-Ена и Лука се прекрасни деца, на возраст од седум и шест години. И Жарко беше прекрасен сопруг и неверојатен татко, изјави неговата сопруга за Фокус.

Најнови вести