вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома со семејството, борбата за нејзина рехабилитација продолжува

Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома со семејството, борбата за нејзина рехабилитација продолжува

Гордана од денеска со семејството, е првата реакција на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка  Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово.

-Чувството е прекрасно, да  биде дома со семејството. Борбата за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има  и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“, објаснува Илиевски за „Република“.

Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.

Најнови вести