петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопственичката на „Диамед“, Иванова: Поседувам докази дека Дончев и Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија

Сопственичката на „Диамед“, Иванова: Поседувам докази дека Дончев и Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија

Во екот на аферата „Рекет 2“ разговараме со сопственичката на „Диамед“ Вера Иванова, чијашто фирма се најде во немилост на структури на власта. Од едната страна успешен центар за дијализа, специјална болница за нефрологија и дијализа, а од другата личните интереси на директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче, обединети во целта да ја преземат фирмата. Во Обвинителството веќе се води постапка за овој случај.

Во интервју за „Република“ Иванова одговара на сите обвинувања на директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев изненсени на прес-конференцијата во Владата.

Република: Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев обвини дека вистинскиот сопственик на „Диамед“ во странство е поранешниот премиер Никола Груевски и дека таа фирма сте ја продале на странска фирма.

Иванова: А врз основа на кои докази ме обвинува, кафеански озборувања?! Кога ги основав компаниите во странство, од ниеден тамошен адвокат не добив прашање дали сакам или имам потреба да наведам скриен сопственик, тоа едноставно не оди така. Исто како и кај нас, се легитимирате како основач и толку. Компаниите се целосно мои, во 100-отстотна сопственост и тоа Ден Дончев многу добро го знае од увидот во документите што ги презентираше. Се знае како се станува сопственик или партнер во компанија – со инвестирање лични средства. Јас Груевски сум го видела еднаш во животот кога носев странски инвеститор на состанок во 2010 година. Се надевам дека допрва ќе добиеме одговори зошто Ден Дончев ја замајува јавноста. Можеби Ден Дончев знае како и каде се прави тоа од сопственото искуство?!

Што се однесува до продажбата на мојата компанија на странски инвеститор, кажете ми дали има поголем успех и потврда за вашата работа кога по тригодишна анализа од страна на странскиот инвеститор, ќе ви потврдат дека сето она што сте го работеле и во што вложувале со години го заслужува нивното внимание и вашата локална компанија станува дел од систем признат во светот. Јас навистина не гледам што има тука спорно. Секојдневно гледаме на телевизија како се повикуваат странски инвеститори, но за жал, во мојот случај не беше така. Слушнавте и самите на прес-конференцијата во Владата како ги „предупредувал“ Ден Дончев странските инвеститори.

Република: Кога фирмата има јавен сопственик и е стоотстотно во ваша сопственост, зошто имало потреба да отворите фирма во странство? Директорот на ФЗОМ обвини дека причина за тоа е да ја сокриете сопственоста, но и да ги избегнете давачките кон државата.

Иванова: Уште една небулоза од Ден Дончев. Неколку дена по продажбата купопродажниот договор, потпишан и од инвеститорот од Шведска и заверен на нотар, е пријавен во сите наши институции вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи. Во него е наведен целоит износ, податок од јавен карактер достапен на увид на Обвинителството. Освен тоа, Обвинителството ги поседува и договорот и даночните пријави кои произлегуваат од него. Државата ја интересира само дали сите даноци се целосно и уредно пријавени во УЈП. Даноците се пријавени, но сè уште не можам уредно да ги платам поради тоа што сметките ми се блокирани. Не треба да нагласам дека УЈП секојдневно си пресметува камата за задоцнето плаќање. Што да ви кажам, кадија те тужи – кадија те суди.

Република: Сте ги пријавиле во УЈП и парите кои се замрзнати во Монако?

Иванова: Да, токму така. Сметката на мојата фирма во Монако не е тајна, како што не се тајна сите изводи и трансакции на неа од нејзиното отварање до денеска. Управата за финансиско разузнавање не ја откри таа сметка. Јас не ја кријам. Управата за финансиско разузнавање и директорот Блажо Трендафилов од Струмица само манипулираат со податоците колку да се каже дека нешто работат. Замислете, отидоа и ги казнија нотарите и адвокатите кај кои се заверени купопродажните договори со странскиот партнер, затоа што не пријавиле сомнителна продажба.

Ден Дончев обвини, исто така, дека тендерската постапка не била водена законски, дека цената е висока, односно заработката е голема, дека сте преземале функционална опрема…

Иванова: Кога како компанија учествувате на отворен повик што го објавува државата, секако дека сте сигурни дека државата водела сметка за законитост на постапката. Тоа ви дава сигурност да почнете со инвестиции кои, верувајте ми, се огромни, да инвестирате во шест нови центри за дијализа и целосно да реновирате три постоечки. Тоа се сериозни износи. Барањата на државата беа ригорозни и изискателни (да се замени цела нефункционална опрема, кревети, итн.) сè со цел да се подигне нивото на лекување на пациентите на дијализа на европско ниво. И во тоа успеав за само една година.

Целото интервју прочитајте го на Република.

Најнови вести