Првообвинетиот во судењето за трагедијата кај Ласкарци во која животот го загубија 16 лица, сопственикот на Дурмо турс, Дурмиш Белули е пуштен на домашен притвор со гаранција, објави Телма.
Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед. Мерката најверојатно е изречена минатата недела.
Судењето продолжува и денеска. На денешното рочиште треба да сведочи вештак од ФЕИТ.