сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сослушан осмиот сведок на одбраната во предметот „Тенк“

Сослушан осмиот сведок на одбраната во предметот „Тенк“

По кусата пауза, попладнево продолжи рочиштето за „Тенк“. Во моментов сведочи осмиот сведок Ивица Јордановски, вработен во МВР, кој бил задолжен за „мерцедесот“ во кој се возел поранешниот премиер Никола Груевски.

Рече дека „мерцедесот“ бил стар, произведен 1999 година и дека често пати бил во дефект.

– Откажуваа сопирачките, климата, амортизацијата и кога ќе го однесевме на сервис, сервисирањето траеше подолго време затоа што делови се чекаа од странство, рече Јордановски.

Обвинителите од СЈО, Гаврил Бубевски и Стевчо Доневски ги прашаа сведоците дали покрај блиндираните „мерцедеси“ имало и други марки возила кои биле блендирани, бидејќи еден од сведоците рече дека возел „златен“ џип.

Сведоците одговараа дека имало и џип во возниот парк, но оти тој не бил фабрички блиндиран, туку дополнително и дека често бил во неисправна состојба и се користел за дежурства.

Пред Судот денеска исказ треба да дадат уште тројца од 11-те сведоци на одбраната.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

На претходното рочиште одржано пред два дена, Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.Обвинителите на СЈО побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.

На нивното барање се противеше одбраната на Груевски и Поповски, бидејќи според нив Јанкулоска е важна за нивната одбрана.

Најнови вести