Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Ве известуваме дека од 30.09.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Магистрален пат А2, Крива Паланка – Граничен премин Бугарија , во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека на ден 30.09.2019 година (понеделник), во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта. Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар.
Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Oд 17.09.2019 година Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.
Од 13.09.2019 г. започна изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – г. п. Блато, во временски период од 30 календарски денови.
Од (Петок) 13.09.2019 г. започнa изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица – Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.
Виадукт Трејд од 10.09.2019 г. започнa изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.
Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.
Виадукт трејд од 22.05.2019 г. изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.
Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваатработи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.
Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.