четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состојбата со пожарите во дебарско стабилна

Состојбата со пожарите во дебарско стабилна

Состојбата со пожарите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, е стабилна и веќе одреден период не е регистриран ниту еден пожар, соопшти командирот на дебарската Територијална противпожарна единица.

– Можам да кажам дека одреден период немаме појава на пожари, што посакувам така да биде и во иднина. Тоа секако е последица на почитувањето на жителите од дебарскиот поширок регион на препораките и нашите апели да бидат внимателни. И сега, кога следува период на многу високи температури апелирам граѓаните да бидам внимателни кога се движат на отворен простор, да не фрлаат догорчиња од цигари, да не палат огнови и доколку забележат пожар веднаш да ја информираат нашата единица, рече Мифтароски за МИА.

Додава дека единицата со 14 вработени и соодветен возен парк и добра опрема, овозможува брза, навремена и успешна интервенција.

Што се однесува до бројот на интервенции, до сега евидентирани се 35, што е половична бројка споредено со истиот период минатата година.

Од вкупниот број повеќето се на објекти, главно поради запалени оџаци, во време на грејната сезона, 10 отсто се на отворен простор, како и седум технички интервенции.

Најнови вести