понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Социјалистичка партија на Македонија: Не треба да има измени на Уставот, особено не пред зачленувањето во ЕУ

Социјалистичка партија на Македонија: Не треба да има измени на Уставот, особено не пред зачленувањето во ЕУ

Социјалистичката партија на Македонија укажува на натреварот меѓу партиите во власта кој повеќе ќе биде поубедлив во извртувањето на фактите.

-Премиерот и министрите од СДС и ДУИ не запираат во сеењето лаги за опозицијата дека прифатила измени на Уставот и само што не почнале преговорите со ЕУ.

Тие не се изјаснуваат по предлозите на опозицијата и само го развлекуваат времето за што подолго да владеат.

СДС и ДУИ не внимаваат ниту граѓаните, кои се против уставни измени, ниту ги почитуваат пратениците за кои им спремаат силен притисок и уцени.

Тие не запираат насила да ги усвојат неприфатливите предлози за бугаризација на Македонија.

Насилно и без визија Маричиќ продолжува со конфузни најави за разговори со опозицијата до крајот на месецот, а и тој и Ковачевски ги игнорираат предлозите што секојдневно им ги повторува опозицијата.

Османи извештен во лажење по налог на Ахмети денес тврди дека нема да има нови барања од Бугарија, промптно демантиран со најавен бугарски список на барања кои ќе следат по измените на уставот за историјата, учебниците, настани, личности. И се друго што од СДС и ДУИ прифатиле во протоколите. Предавството на власта се разоткрива и се е јасно.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека не треба да има измени на Уставот, особено не пред зачленувањето на Македонија во ЕУ.

Неодговорното однесување на СДС и ДУИ е на штета на државните интереси на Македонија.

Затоа граѓаните треба да што поскоро да изберат свои легитимни народни претставници, додаваат од Социјалистичката партија на Македонија.

Најнови вести