недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Социјалистичката партија на Македонија нема да учествува во работната група за уставни измени

Социјалистичката партија на Македонија нема да учествува во работната група за уставни измени

Социјалистичката партија на Македонија неколку пати укажува на доминантно негативниот став на граѓаните за промени на уставот. Тоа е особено важно за иницијаторот на уставни промени да не започнува процес спротивен на вољата на граѓаните.

Власта е уценета и под притисок настојува да се прифатат неразумните бугарски барања.

Копенхагенските критериуми за прием во ЕУ не предвидуваат промени на Уставот, ниту задоволување на бугарските империјални барања за ставање на Македонија во подредена положба.

Социјалистичката партија на Македонија во овакви околности не поддржува никакви промени на македонскиот Устав што би се правеле во недемократски амбиент со окторирана и уценета власт.

Социјалистичката партија на Македонија нема да партиципира во работната група на власта која нема мандат ниту легитимет за вакви уставни промени. Таа треба да се формира дури откако ќе се изгласа потребата за промена на Устав во Собрание, со потребното двотретинско мнозинство, стои во соопштението на СПМ.

Најнови вести