Кога Шилегов се жали за постоење на лажни вести сигурно мисли на неговите изјави дека ќе донесе чист воздух во Скопје, дека ќе ја продолжи Илинденска, а кејот кај ГТЦ наместо автопат ќе биде пешачка зона, дека билет за едно возење во ЈСП ќе добијат скопјани во септември, па кога ќе помине месецот, нема да биде важно што ја лажеше јавноста и ќе даде ново ветување за октомври, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Таквата бесрамност за сопствениот срам и површност постои само кај Петре Шилегов. И кога не сме кај вистината, реалноста е дека Шилегов носи одлука за нови 350 партиски вработувања. Само денес на точка на дневен ред Советот ќе расправа за нови 186 вработувања во градската администрација, и тоа 110 на определено време, и 76 на неопределено време. И бидејќи Шилегов обвинува дека опозицијата била злобна, вистината е дека нема поголема злоба кога градот ќе го оставите без проекти, а на Бихаќка ќе се кројат списоци за нови вработувања во Градот Скопје на терет на граѓаните, потенцираат од партијата.
Од Советничката група истакнуваат дека нема поголемо лицемерие кога од вработен како хаус мајстор во Општина Центар преку ноќ ќе направите раководител на сектор во Градот Скопје кој во слободно време гради згради во градот каде главен крадоначалник е Петре Шилегов.
-И на крај нема поголемо промашување кога две години ќе управувате со градот, и две години ќе потрошите на лаги, криминал и неработа, додаваат тие.