четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Георгиевски останува без алиби, го изгласавме предложениот буџет

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Георгиевски останува без алиби, го изгласавме предложениот буџет

Општина Гази Баба останува во бесперпективноста, ништо се не менува од денот кога локалната власт ја презема градоначалникот Борче Георгиевски. Измината 2018 година е година на изневерени очекувања на граѓаните, потврда за лажни предизборни ветувања на СДСМ, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Гази Баба.

Тие велат дека буџетот за општина Гази Баба за 2019 година покажува дека и втората година од мандатот на градоначалникот ќе биде изгубено време за граѓаните од нашата општина.

Според советниците, буџетот не нуди развој и е неплански структуиран, во него не се предвидуваат капитални проекти кои Георгиевски ги ветуваше во предизборната кампања.

-Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, поаѓајќи од интересите на граѓаните од урбаните и месните заедници доставивме идеи и предлози за проекти кои ќе бидат одговор на нивните реални потреби. Баравме планирање на средства за отпочнување на гасификација, справување со аерозагадувањето кое е огромно на територија на општина Гази Баба. Инсистиравме во буџетот за 2019 година да биде опфатено изградба на градинки во населба Керамидница, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково и Трубарево како и изградба на неколку нови училишта кои се директни барања до нас од жителите. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предложија изградба на катни гаражи, трговски центар во населба Маџари и базен во Хиподром кој треба да ги задоволи потребите на младите за спорт и рекреација, како и изградба на водоводни и канализациони системи во руралните населени места шго е меѓу основните потреби во секојдневното живеење. Паметиме како градоначалникот на град Скопје заедно со градоначалниците на општина Гази Баба и Аеродром на голема врата го најави новиот булевар со мост кој треба да ги поврзе двете општини. И овој проект нема да биде составен дел во буџетот, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Гази Баба.

Секој неуспех и вината за неостварено ветување до сега Борче Георгиевски го префрлаше на советничкото мнозинство. Оттука советниците на ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа предложениот буџет со вметнати наши предлози но и со забелешки за тоа што не се опфатени проектите во интерес на граѓаните за кои и самиот градоначалник дал ветување.

На тој начин Борче Георгиевски останува без алиби и целата одговорност треба да се бара во него, за безидејноста и лагите како одлика на неговото управување со општина Гази Баба, велат советниците.

Најнови вести