Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии. Дента кога објави дека се чисти дивата депонија во Ново Село и Волково, на истата површина се создаде нова и сето тоа неказнето и со одобрување на градските власти, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Фотографиите покажуваат дека депонијата постои, и дека дивите депонии се нерешлива енигма за скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Толерирањето на депониите значи толерирање на нарушување на здравјето на граѓаните. Ќе потсетиме дека Шилегов вети пред да стане градоначалник чистење на големите депонии и зелено Скопје, но кај Шилегов зелени се само парите кои доаѓаат од матни тендери и сомнителни зделки. Бараме итен активизам и темелно чистење на депонијата во Општината Ѓорче Петров како и другите депонии. Прашање на време е кога ќе дојде до нова еколошка катастрофа. Депониите се закана за здравјето на скопјани, стои во нивното соопштение до јавноста.