Командант Хоџа, кого премиерот Зоран Заев го вработи во Владата како негов советник, смета дека Албанците треба да војуваат со Македонците.
Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа кој е именуван за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, во интервју за KTV одговара на прашањето: Дали моментално Албанците во Македонија имаат причина за да војуваат со Македонците?
-Секако, вели тој.
Новинарот потоа го прашува Шаќири „Дали тоа е единствениот начин на кој Албанците можат да ги добијат нивните права?“, на што тој одговара:
-Не, не, не е единствен начин бидејќи не сме во можност да војуваме и ќе треба да почекаме затоа што имаме проблеми со нашите политичари кои попрво гледаат да не му расипуваат ќеиф на Никола Груевски и Али Ахмети отколку да ги бранат интересите на народот кој е напатен, вели тој во интервју дадено во 2015-та година за KTV.