понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Советот на Чаир го усвои предлогот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ- родителите ослободени од плаќање градинка за децата

Советот на Чаир го усвои предлогот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ- родителите ослободени од плаќање градинка за децата

На денешната одржана 40-та седница на Советот на Општина Чаир беа усвоени Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување од плаќање за деца во ЈОУДГ „ФИДАНИ” –Чаир, Скопје за месец април, мај и јуни 2020 година за вонредната состојба и Одлуката за ослободување од плаќање за деца во ЈОУДГ „СНЕЖАНА ” –Чаир, Скопје за месец април, мај и јуни 2020 година за вонредната состојба и двете одлуки беа на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир.

-Со оваа наша предлог одлука имаме за цел на сите родители без оглед на националната и етничката припадност да им олесниме во нивниот семеен буџет во овие тешки моменти со кои се соочуваме сите ние како жители на Општина Чаир поради пандемијата од Ковид -19. Одлука за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во установите што паѓа на товар на родителите, во ЈУДГ „Фидани“ – Општина Чаир – Скопје и ЈУДГ „Снежана“ – Општина Чаир – Скопје беше усвоена со мнозинство на гласови од присутните советници во Советот на Општина Чаир, со тоа успеавме директно да помогнеме на граѓаните кои своите деца ги носат во една од двете градинки во Општина Чаир. Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика не превзема никакви мерки и активности за укажување и давање на предлог до сите локални самоуправи за носење на една ваква одлука, и со тоа најдиректно да им помогнат на овие родители и семејства, а не да плаќаат за услуга за која и реално не ја користат во овие изминати неколку месеци поради кризата со Ковид – 19 и носењето на уредба за затворање на градинките во цела Македонија, вклучувајќи ги и детските градинки во Општина Чаир, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека ние сме одговорна и државничка партија, партија која работи во интерес на граѓаните на Република Македонија, ние сме советничка група која своите мандати ги има добиено благодарение на вашите гласови и нашата основна обврска е да ги штитиме и да се залагаме за вашите интереси и потреби.

Најнови вести