четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасени петмината македонски скијачи на Пирин, пренесени се во Банско

Спасени петмината македонски скијачи на Пирин, пренесени се во Банско

Спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија успешно заврши и петмината македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки и паднале во дол се извлечени. Информацијата ја потврди Горската спасувачка служба во Банско, пренесува МКД.мк

Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени.

Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.

Најнови вести