четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновска од СОНК: Од досегашните преговори ние не добивме ништо конкретно

Спасеновска од СОНК: Од досегашните преговори ние не добивме ништо конкретно

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24, гостуваше Лена Спасеновска регионален претставник на СОНК каде таа посочи дека покачувањето на платите од 10% не значи ништо и единствено позитивно е што е ставено на хартија.

„Не мислам дека се брза зошто два месеца преговараме на оваа тема, не добивме никаква понуда и за тоа време се покачија цените, а тие 18 000 се сретства за преживување“, кажа Спасеновска.

Таа додаде дека неизбежно беше да се одлучат на ваков чекор, бидејќи секогаш кога се преговараше не добивале ништо конкретно.

-Ние со разбирање и разум понудивме 18,4% зголемување на платите. Нашето членство и ние не сме задоволни со 10% покачување на платите, сега од страна на Владата со нејзината денешна одлука тоа излегува како на сила да прифатиме зголемување на платите од 10%, рече Спасеновска.

Најнови вести