среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата

Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата

Нашите соседи од Бугарија две годи по склучување на договорот за пријателство, соработка и добрососедство би можеле да именуваме дека водат една политика на активна конфронтација кон Македонија, вели универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Спасеновски смета дека дури и со можна промена на уставот нема да запрат барањата од страна на Република Бугарија.

-И во таа смисла сосема легитимни се стравувањата дека дури и при промена на Уставот, при измена на уставот на државата на начин на кое што е пропишано во согласност со потребата на европските интеграции, нема да застанат тука барањата на официјална Софија кон Скопје, а кои се поврзани со одредени нивни би рекол историски цели за поголемо и посимболично присуство во Република Македонија, смета тој.

Според Спасеноски, Република Бугарија долг период води политика на конфронтирање кон Македонија

-Бугарија води долг временски период агресивна политика на конфронтирање кон Македонија, и тоа е повеќе од јасно. Можеме да ги бараме причините, дали е тоа поради перманентната политичка криза на државата, дали станува збор за она кое се именува се повеќе и се почесто не само за Бугарија, туку и за други делови од Балканот надворешни малигни влијанија од трети страни, дали станува збор за карактерот на политичките личности што во овој момент управуваат со државата. Но, факт е дека станува збор за една долготрајна политичка агресија на Бугарија кон Македонија, посочи Спасеновски.

Најнови вести