четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: Како и да заврши со ситуацијата со ново парламентарно мнозинство, сигурно е дека избори ќе има затоа што власта беше целосно делегитимирана на локалните избори

Спасеновски: Како и да заврши со ситуацијата со ново парламентарно мнозинство, сигурно е дека избори ќе има затоа што власта беше целосно делегитимирана на локалните избори

Едно е јасно дека предвремени избори кога и да се ќе мора да има, имајќи ја во предвид ситуацијата во државата, рече универзитетскиот професор Александар Спасеновски на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него за ова има две причини.

„Се воде дека тешко се одлучува, се владее кога се има тесно парламентарно мнозинство, и второ владата е целосно делегитимирана по локалните избори на кои опозцијата извојува убедлива победа“, рече Спасеновски.

Според него во ситуацијава доколку се следат изјавите на претставници на опозицијата, додаде професорот, очекувано е дека постои согласност за изгласување на недоверба на владата.

„Но, не знаеме дали ќе може да се направи влада поради разлики во идеологија на опозицисски партии“, рече Спасеновски.

Најнови вести