петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: Преку процесот за уставни измени се настојува да се оствари политичка цел се со цел релативизација на македонскиот етнички супстрат

Спасеновски: Преку процесот за уставни измени се настојува да се оствари политичка цел се со цел релативизација на македонскиот етнички супстрат

Очигледно дека станува збор за една политичка тактика и навистина е крајно неблагодарна ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните во оваа држава кои се противат или имаат сомнежи околу овој претстоен процес кои следи за уставните измени, истакна професорот Александар Спасеновски во вечерашното гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа Телевизија.

„Зошто го велам тоа, тоа го велам заради тоа што се напаѓа преамбулата по уште еден пат и имаме дополнителна релативизација на македонскиот етнички супстрат а од друга страна сето тоа е со една друга голема цел членството во Европската Унија“, рече Спасеновски.

Тој додаде дека со уставните промени не сме сигурни и немаме гаранции дека тој период ќе заврши и дека ќе започне една ера на едни позитивни односи помеѓу двете држави и двата народи.

„Не е проблем остварувањата на човековите права и слободи. Нема политичка партија и релевантна политичка фигура во државата која би се противела на тоа да секој граѓанин во државата и секоја етничка заедница да ужива еден сет на права во рамките на демократскиот капацитет во рамките на Република Македонија“, кажа Спасеновски.

Спасеновски потенцираше дека проблемот е кога преку тие права се настојува да се оствари политичка цел а таа политичка цел е поврзана со релативизацијата на македонскиот етнички супстрат во македонската држава.

Тој е дециден дека со создавање на политичка тензија и постојано инсистирање на промена на преамбули, интервенции и промена на Уставот, закони не може да се решат проблемите

Најнови вести