среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасевска: Промените на Царовска во образованието влијаат лошо на психофизичкиот раст и развој на децата

Спасевска: Промените на Царовска во образованието влијаат лошо на психофизичкиот раст и развој на децата

Ние се обединивме бидејќи сфативме дека овие реформи се се освен нешто кое што ќе придонесе добро за децата. Во овие реформи ние како родители гледаме дека тука се е пресметано финансиски и се пресметано како наставникот и професорот ќе се најде во тие дигитални уреди, меѓутоа нигде не видовме како децата ќе го доживеат тоа. И како ова ќе влијае на нивниот психофизички раст и развој, нагласи Драгана Спасевска дел од групата на родители на социјални мрежи кои се против дигитализација на учебници во „24 Анализа“.

Спасевска додаде дека родителите две години гледаат како нивните деца се мачат во текот на образовниот процес односно онлајн настава.

-Ние имаме барање и утре ги поканувам сите медиуми на прес пред МОН во 12 часот, сметаме дека ни требаат коренити промени во образованието, и сакаме и ние родителите како тело да учествуваме во одлучување и предлагање на промени во образованието, појасни Спасевска.

Спасевска посочи дека Царовска требаше да организира јавна дебата околу новиот проект во образованието, ова што го носат е набрзина и ќе влијае лошо и на децата и на родителите.

Најнови вести