Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ги проверат своите патни исправи и доколку имаат потреба да ги менуваат тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните турканици.
– Во 2021 година се изработени 321.216 лични карти и 346.773 пасоши. За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: 203.442 пасоши и 167.558 лични карти. Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди, напиша Спасовски на Фејсбук.