среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски ги одби сите новинарски прашања за изгорениот автобус – сакаше да се пофали само за буџетот на МВР

Спасовски ги одби сите новинарски прашања за изгорениот автобус – сакаше да се пофали само за буџетот на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше прес-конференција за буџетот на неговото министерство за следната година и по излагањето, одбиваше да одговори на прашања поврзани со автобуската несреќа со 45 загинати од пред три дена.

На сите прашања на новинарите за несреќата, тој не сакаше да зборува, повторувајќи дека ќе има посебна прес-конференција за случајот, на која ќе говорел и тој, а денеска ќе одговарал само за прашања во врска со, како што кажа неколку пати, граѓанскиот буџет на МВР.

САКАМДАКАЖАМ.МК провери во Влада кога ќе биде таа прес-конференција за автобуската несреќа и доби одговор дека ќе бидат навремено информирани.

Најнови вести