четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски мува не го лази за оставениот хаос со пасошите: Граѓаните откажуваат скапи аранжмани, бизнисмените губат пари

Спасовски мува не го лази за оставениот хаос со пасошите: Граѓаните откажуваат скапи аранжмани, бизнисмените губат пари

Граѓаните со недели мака мачат со пасошите, додека поранешниот министер Оливер Спасовски речиси мува не го лази додека државата е целосно парализирана.

Граѓаните откажуваат сапи аранжмани, бизнисмените губат пари и патувања додека тој се брани со зборовите „не знам“ и „тоа не е моја надлежност“.

Сега по целиот хаос се поставува едно многу интересно прашање, а тоа е, зошто Оливер Спасовски, кој се претставува како многу одговорен и совесен функционер, оставил хаос позади себе во МВР? Зошто пред да си замине од МВР не го решил овој проблем? Па нели работи совесно, посветено и одговорно?

Но доколку се земе во предвид и говорот на тело на Спасовски при одговорот на прашањата на новинарите, ќе се забележи нешто сосема поразлично од неговите отсечни одговори, ќе се забележи онаа скриена насмевка која го издава дека нешто сериозно „мириса“ во проблемот со пасошите, нешто како намерно да е направено од негова страна, но по се изгледа дека Коста Петров, ПР „експертот“ овие работи заборавил да му ги каже кога го подготвувал за настапи.

Актуелниот технички министер во министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев, за овој случај најави итна истрага и одговорност за оној кој дозволил да дојде до ваков проблем.

Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана, порача министерот Чулев.

Одговорност за вакви случаи мора да има, но и јавноста мора да дознае зошто Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, баш сега дозволил да се случи ваков проблем, а долги години наназад ваков проблем со недостаток на пасоши немало.

Дали Спасовски и СДСМ сакаат намерно овој проблем да му го препишат на Наќе Чулев и дали со овие постапки СДСМ сака на граѓаните да им ја најави црната кампања за време на изборната кампања?

Додека јасноста ја интересираат прашањата поврзани со немањето пасоши, Оливер Спасовски се занимава со чизми, афера која исто така ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, вредна неколку милиони денари.

Чулев го повика Спасовски на владина седница да се реши проблемот со пасошите

Јас сум министер еден месец и сите овие ситуации ги наследив како резултат на непланско, несовесно и нестручно работење на Оливер  Спасовски за што е извршена интерна истрага и произлезе кривична пријава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев неодамна на една своја прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање каде треба да се лоцира одговорноста во однос на проблемот со недостатокот на обрасци за пасоши.

Чулев го повика Спасовски да свика влаадина седница за да се реши проблемот со пасошите, а еден од неговите модуси за надминување е Владата, рече, да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи.

Според министерот Чулев, пасошката криза е резултат на неинтегрално решавање на проблемот со личните документи.

Потенцира дека во овој период мора да се распише меѓународен тендер за 10-годишно решавање на проблемот со издавање лични доклументи. Уште еднаш повтори дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

-Најверојатно нема да бидат веднаш со новото уставно име на Македонија заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа и новите лични документи. Моментално работат работни групи од МВР и од компанијата „Веридос“ затоа што и тоа не е направено, склучуваме нов рамковен договор за две дгодини со истата фирма, порачуваме, а не се специфицирани изгледот и содржината на новите лични документи, појасни министерот Чулев.

Хаос и во Управата за водење на матични книги- по пасошите и личните карти, граѓаните во проблеми и со вадење на изводи

Вистински хаос владее во Управата за водење на матични книги во центарот на Скопје.

Револтирани граѓани до екипата на КУРИР испратија фотографии од безредието кое владее денеска во оваа институција под контрола на Министерството за правда.

Имено поради реновирање на објектот во моментов работи само еден шалтер кој се наоѓа во ходникот на кој чекаат безброј граѓани за упис на новороденчиња, склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак со странски државјани, извод од матична книга на родени/умрени, признавање на татковство, како и издавање на уверение за слободна брачна состојба.

Граѓаните прашуваат и како е можно за десет услуги кои ги нуди оваа институција да работи само еден шалтер и да се парализира целата институција?

Револтираните граѓани кои се обратија до нас велат дека во државава буквално ништо не функционира.

-Нема пасоши, нема лични карти, треба да чекаш со часови за да добиеш извод од матичната книга на родени…ова е хаос, вели еден од граѓаните кој денеска се уште чекаат ред за да добијат извод.

Инаку за потсетување на јавноста Управата за водење на матични книги минатата година исто така се реновираше и имаше вистински хаос, па оттука се поставува и прашањето зошто повторно по само една година се реновира истиот овој објект?

Андоновски: Одговорноста за пасошите треба да се бара кај Спасовски, Чулев не може да планира нешто што било работа на Спасовски

Со оглед на тоа што во последните три години имавме министерство за внатрешни работи кое што имаше поголем број на бегалци од правдата и бегалци од затворите на чудни начини, ќе се сетите на бегствата од затворот во Штип, Идризово, Шутка. Во краток период откако со министерството за внатрешни работи управува Наќе Чулев имаме акции за спречување на трговија за дрога и од акциите забележавме дека се работи за меѓународен канал на транспорт на дрога кој што била наменета за различни пазари, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во неодамнешното гостување во емисијата Патот кон на Алсат М.

Во однос на недостиг на патните исправи, Андоновски истакна дека вината треба да се бара токму кај претходниот министер за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски кој што како тогашен министер требало да знае дека планирањето за набавка на патни исправи се врши предвремено.
Кога водите министерство 5 години како што Оливер Спасовски го водеше тој треба да знае дека планирањето се врши предвремено. Не може да планирате набавка денеска а пасошите да ги добиете утре. Ако водел министерство 5 години треба да знае дека 2020 година истекуваат 10 години од кога прв пат имаме биометарски исправи во Република Македонија. Не е Чулев виновен за патните исправи, тој не може во еден месец да планира нешто кое што требало да биде испланирано во последните месеци на 2019 година.

Андоновски додаде дека повеќе од јасно е дека Заев е главата на криминалниот октопод во случајот Рекет.

Главата на тој октопод во случајот Рекет е Зоран Заев и важно е една друга спрега а тоа се ноќните дружења на државниот јавен обвинител со омилениот адвокат на Зоран Заев и со пи-арот на шефот на претседателот на државата. Заев не може да избега од одговорноста дека Катица Јанева во тој момент осомничена се среќавала со него, а други луѓе осудени сега во моментот се среќавале со блиски членови на неговото фамилија, рече тој.

Најнови вести