петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски: На огласите за полициски службеници да се пријавуваат кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници

Спасовски: На огласите за полициски службеници да се пријавуваат кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници

На огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница.

-За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде апел самите да се пријават, да учествуваат во селекцијата, да се натпреваруават и секако дека сите оние кои се заинтересирани, имаат желба, добро ќе ги поминат овие селекции можат да бидат дел од македонската полиција, вели Спасовски.

Забележа дека изминатите години освен што е водено грижа за етничката застапеност, внимание е свртено е кон родовата застапеност во службите, но и на раководните позиции. Министерот Спасовски денеска беше во посета на ОВР-Берово, каде што е извршена реконструкција на објектот.

-Генерално безбедносната состојба е мирна, стабилна, со многу предизвици. Државата има извонредна геостратешка положба и тоа придонесува да има добар пристап, комуникација со другите држави, но и тоа носи низа на безбодносни предизвици и ризици, оцени министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува безбедносната состојба во земјава поради актуелните протести против францускиот предлог.   (МИА)

Најнови вести