петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски очекува мирно да помине отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Спасовски очекува мирно да помине отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград да помине мирно.

Тој во дневникот на „Сител“ прашан дали очекува мирно да помине утрешниот настан и каква е можноста за некакви проблеми со оглед на тоа дека се најавени протести, одговори дека тензии секогаш има, но дека безбедносните служби се тие кои треба да го сочуваат мирот и стабилноста.

-Генерално имаме одлична соработка со сите безбедносни служби, министерства од регионот и тоа е наша задача – да се сочува пред сѐ националната безбедност и сигурност на граѓаните и државата, меѓутоа да ја зачуваме и сите заеднички нашата регионална безбедност. Така да постојат информации, податоци, се разменуваат, се прават проценки на ризик во секој од овие делови и апсолутно мислам дека како што се преземаат мерки во Република Северна Македонија за организација на било кој настан, ќе треба да се обезбеди и тој настан којшто се реализира во Бугарија, рече Спасовски. (МИА)

Најнови вести