вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски призна: Практично не може да се случат уставните измени

Спасовски призна: Практично не може да се случат уставните измени

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Анализа, на ТВ 24 вели дека уставните измени практично не можат да се случат сега, бидејќи за разлика од претходниот парламентарен состав, сега е многу потешко да се обезбеди мнозинство.

-Уставните измени теоретски можат да се завршат сега, но практично не можат. Практично не може, а теоретски може ако обезбедиме 80 пратеници во Собранието. Можно е реално да се обезбеди мнозинство. Но, е многу потешко од тоа што беше во претходниот период. Ова го црпам од политичката одговорност која што ја имаат политичките субјекти во државата, вели Спасовски.

Со ова Спасовски всушност призна и потврди дека владата на СДСМ и ДУИ немаат доволно пратеници за внесување на Бугарите во Уставот иако одредени владини функционери изјавуваа дека има пратеници од опозицијата која ги поддржува уставните измени, како и ги потврдува шпекулациите дека има големо незадоволство во владата од страна на владејачкото парламентарно мнозинство.

Најнови вести