вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски со „Мафија стигна до Еуро њуз“, криминалот со пасошите пристигна реномирано до Брисел

Спасовски со „Мафија стигна до Еуро њуз“, криминалот со пасошите пристигна реномирано до Брисел

„Официјални лица од Македонија им предале лажни пасоши на прекуокеански криминалци“ е насловот на веста од реномираниот светски познат медиум „Еуроњуз“, со што веста за сторенио криминал стигна директно во високите политички кругови во Брисел.

-Околу 215 лица добиле македонски пасоши и им биле дадени лажни идентитети, вклучувајќи осомничени за трговија со дрога и други криминалци „со висок ризик, барани со меѓународни потерници“ – пишува Еуроњуз.

Аферата се шири низ цела Европа, но и добар ден од балканските медиуми од соседните земји известија за истата:

Една од најгледаните телевизии во Албанија ТВКлан, во свој прилог пренесува дека таков пасош поседувал и Флоријан Мусај, лидер на добро познатиот нарко картел од Албанија, со кого патувал низ целиот свет, како и останали барани лица за криминал на Балканот.


Имено аферата е доста контроверзна сама по себе, затоа што веројатно Македонија е единствената земја во светот во која меѓународен криминалец од рангот на Седат Пекер кој бил протеран на 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево со барање за лична карта, а веќе на 27-ми МВР му издало лична карта, со украден или лажен идентитет, а власта го пречекува во земјава со полициска придружба, како и остварува средби со пратеници од македонското Собрание, што е скандалозно само по себе.

Имено не станува збор за неколку патни исправи, туку за 215 пасоши, тоа се 215 лажни или украдени идентитети кои им ги издало МВР за кои Спасовски вели дека го направиле некои полицајци внатре во министерството, што е многу дискутабилно.

Прашање кое се поставува во врска со обвинителството е зошто Спасовски не го известил обвинителството пред две години кога истрагата за овој случај почнала?

Многу прашања, многу обвинувања од сите страни, но факт е дека објавувањето на оваа афера е да се посочи на сторен криминал и тоа од министерство кое треба да го спроведува законот во земјава, како и дека истата е можеби една од најголемите афери не само во Македонија, туку и на Балканот, во која се вмешани меѓународни криминалци.

Најнови вести