Ние сме горди за Договорот од Преспа и сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, вели министерот за инфраструктура,транспорт и врски на Грција, Христос Спирѕис во интервју за грчкото радио “Тема 104.6”
Како што јави МИА од Атина, прашан за изјвата на Коѕијас дека на минатонеделната владина седница, коалицискиот партнер во владата и министер за одбрана, рекол дека “владата е финансирана од Сорос”, Спирѕис вели дека „не постојат тие работи”, и дека не слушнал дека Каменос говорел за Сорос на владината седница на која и тој лично бил присутен.
Министерот за инфраструктура, транспорт и врски на Грција, воедно побара од новинарите да не го мешаат во, како што рече, “конкретниот конфликт”.
-Постоеше и постои политичко несогласување и со Панајотис Каменос и со Независни Грци во врска со договорот со поранешната југословенска Република Македонија. Ние сме навистина горди за овој договор. Ние сме горди што ќе се финализира овој договор. Ние сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, рече Христос Спирѕис во интервјуто за грчкото радио. (МИА)