До кога на Началникот на СВР Куманово ќе му дозволувате да биде ШЕРИФ ⁉️⁉️⁉️⛔
До Синдикат на Полиција во Македонија доставена е пријава од група вработени во СВР Куманово.
Писмото се однесува за моменталниот “Мобинг” што го спроведува Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ. Имено истиот во текот на месец Март 2021 година имал одржано состаноци со сите отсеци во Крим.полиција во СВР Куманово, при што истиот „се заканувал“ дека доколку инспектор не напише неделно по 4 оперативни информации ќе биде казнет. И тоа ќе казнувал секој месец доколку инспекторите не ја исполнат бараната норма што преставува директна закана и вознемирување према полициските службеници. Доколку началникот на СВР Куманово ги има прочитано (а ние веруваме дека ГИ НЕМА) Стандардните оперативни процедури ќе види дека полициските службеници информации добиваат од граѓани на нивно барање при што полицискиот службеник не смее понатаму да бара други дополнителни информации и да му дава задачи на граѓанинот што не е случај и со информатори, но крим.полицијата нема право да регистрира информатори.
Па врз основа на сето ова воопшто не е јасно како може инспектор да биде казнет(судејќи по постапките на овој “шериф” веруваме дека ќе го стори тоа). Во иднина како Синдикат сме загрижени дека заради „исполнување на оваа незаконска норма“ инспекторите ќе бидат принудувани да ги прекршуваат законите и да ги присилуваат граѓаните да дадат некоја информација или самите да почнат да си измислуваат за само да не бидат казнети. Како Директор на БЈБ и Министер за внатрешни работи Бараме да го запрашате началникот на СВР Куманово да каже и појасни по кој закон или Правилник постои норма за тоа колку информации треба граѓаните да даваат на полициските службеници било неделно или месечно.
Бараме ова НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ И САМОВОЛИЕ на овој раководител да го сопрете!
Синдикат на Полиција во Македонија по ова прашање достави и писмена реакција како до Министерот Спасовски така и до Директорот Тасевски🎯✊
Фејсбук статус на Синдикат на полиција во Македонија