Синдикатот на полиција во Македонија преку соопштение до јавноста му се обрати на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски велејќи дека еден ден ќе одговара за се што сторил во изминатите години.
Следејќи го примерот на тврдо комунистичка Северна Кореја, поистоветувајќи се со Ким Јонг Ун, министерчето Оливер Спасовски брутално со своите неспособни “ПИАР” менаџери, гази по достоинството на поголемиот дел чесни полициски службеници! Сепак гледано РЕАЛНО, тој немоќно се обидува да го испере мозокот на јавноста со својата “добрина и саможртва” а зад завесите покажува сила и моќ, со што сака да си ја издигне својата мала вредност!
Нели ти е срам да пишуваш и потценуваш :
“Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат, Да продолжиме заеднички, како вистински партнери, да го издигнеме Министерството за внатрешни работи во силна институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина.”
ПАРТНЕРИ‼️ Какви” партнери”. Зошто ЗАЕДНО ” ги “отепавте” со незаконски решенија неистомислениците и професионалците ⁉️
Што СМЕ НИЕ како Синдикат и како воопшто ГИ ТРЕТИРАТЕ нашите членови⁉️ ИЛИ НИКАКО НЕ НЕ ТРЕТИРАТЕ🥵🤧🤧🤧
Зошто и од кои причини нашиот РОДЕНДЕН пред неколку недели НЕ НИ ГО ЧЕСТИТАВТЕ⁉️‼️‼️‼️🤧
Или НИЕ не сме ти “ПОДОБЕН СОЦИЈАЛЕН ПАРТНЕР” 🤧⛔
Само Вие терајте си и” живејте” си го филмот ДЕКА СОЗДАВАТЕ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА⛔
СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ кога господине Оливер Спасовски, нема да можете никаде на овој свет, во ниедна дупка да се скриете, бидејќи вашата реа ќе ве издаде! СЕ БЛИЖИ ДЕН, КОГА ЗА СЕ ШТО СТЕ СТОРИЛЕ ЌЕ СИ ОДГОВАРАТЕ!
Режим!? Што беше тоа РЕЖИМ!?
Инаку од синдикатот потсетуваат и на срамното дискриминирачко соопштение на министерот:
-Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат,
Со посебно задоволство ви го честитам 29 мај – роденденот на Македонскиот полициски синдикат.
На овој ден пред 29 години, на одржаното основачко собрание се роди првиот синдикат во историјата на македонскиот синдикализам кој се здоби со статус на репрезентативен синдикат, кој ги опфаќа вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција.
Низ овие 29 години покажавте дека трудот на полициските службеници може да се организира, синдикалната организација може да обедини, а вработените да ги консолидираат своите сили.
Се радувам што во рамки на Сојузот на синдикатите на Македонија, каде што сте примени како рамноправен член, важите за еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати по однос на процентуалниот износ на бројот на членови во однос на бројот на вработените. А онаму каде синдикатите се најцврсто организирани, таму најмногу се почитуваат правата на вработените.
Притоа, не изостанаа ни вашите меѓународни активности, па Македонскиот полициски синдикат е рамноправен член во рамките на Советот на Европските полициски синдикати. Од ден на ден сè повеќе се профилиравте како фактор без кој Министерството за внатрешни работи не може да пристапи во процесот на реформа, кој динамично го започна ова раководство на МВР.
Заеднички успеавме да ги зголемиме платите, да ги исплатиме бонус платите за оние кои оствaриле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, да обезбедиме дополнителни бенефиции за вработените, да ги подобриме условите за работа на полициските службеници, да пристапиме кон креирање на нов, подобар Колективен договор, враќајќи ја правдата и демократијата во МВР.
Сосема сум уверен во зборовите на Мартин Лутер Кинг дека историјата е одличен учител и дека работничкото движење не ја намалува силата на една земја, туку ја зголемува. Поаѓајќи од ова, во рамки на МВР, се заложив за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници, преку досега реконструираните 55 енергетски ефикасни објекти, набавените униформи и полициска опрема, свесен дека само така создаваме ефикасна, силна и задоволна полиција, мотивирана да работи со полн капацитет и легитимитет и да испорачува резултати во сите сфери на работењето. Впрочем, вработените во Министерството за внатрешни работи сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат, а историјата ќе ги запамети овие едноставни вистини.
Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат,
Да продолжиме заеднички, како вистински партнери, да го издигнеме Министерството за внатрешни работи во силна институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина, стои во неговиот пост на Фејсбук.