Синдикатот на полиција во Македонија преку статус на Фејсбук бара да се врати професионалноста во полицијата.
-“ЖИВОТ ЗА СИТЕ” беше Вашата парола, слобода на изразување, темелот на владеење, начинот на кој дојдовте на власт со борба против т.н. „ЦЕНЗУРА“ го нарекувавте „надеж“ и тогаш кога некој не убедуваше дека завршил еден “мрачен период” почна цензурата на животот кој очигледно некој (Вие) го пуштил на НАЈЈАКО ‼️
Дали тоа е поради стравот од одговорноста или реален факт од кој Вие се плашите ќе покаже иднината.
Сите сме маркирани посебно ние синдикалците оние кои во му покажуваат малку енергија на “Врховниот”. ПРЕМЕСТУВАЊА и незаконски распоредувања фрчат без престан а „досие“ водите за сите нас кој што одговорно Ви ги кажуваме сите мани🎯
🎯Како СПМ веќе една година претходно укажувавме на последици поради НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА во МВР, а поради кои веќе се покажаа сериозните последици од разместувања за партизирање преку поставување на НЕПРОФЕСИОНАЛНИ подобни партиски раководни кадри, избеганите криминалци пред неколку дена биле информирани а нашите колеги понижени. Колку време треба да реагираме за да престанат НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА и поставувања на партиски подобни раководители а кои веќе го дадоа одговорот на прашањата од кои секојдневно се руши УГЛЕДОТ на Министерството.
Министре Спасовски, Бараме Веднаш да престанете со прогонот и уште од утре да отпочнете со враќањето на сите вработени кои се незаконски распоредени повеќе од шест месеци бидејќи само професионалци со долгогодишни искуства на своите претходни работни места постигнуваат одлични резултати а кои доколку и понатаму бидат спречувани последиците ќе станат уште поголеми а одговорноста Ваша ќе се зголеми.
Но најверојатно и понатаму „не Ви иде паметот“ и сега си најдовте НОВА МОДА а тоа се издавање на писмени наредби од една организациска единица во друга, од еден град во друг со цел „дисциплинирање“ на оние кои не сакаат да „потклекнат“ на поставените Ваши началници по секторите за внатрешни работи. Но тоа не сопира тука, наместо наредбите ДА ТРААТ САМО ЕДЕН МЕСЕЦ, упорно продолжувате да го кршите законот за внатрешни работи и незаконски ги продолжувате писмените наредби и тие траат и траат. КРАЈ ЌЕ ИМА ЛИ ОВА ЛУДИЛО❓❗❓❗❓
Значи, одговорноста е во Вас. Ама битно вие “го држите” под контрола членувањето во СПМ⛔
Веројатно срам немате, доблест воопшто или крајно анализите за 2020 се уште ги немате разгледано мислиме од што Ве лажат нема кој да ви ги отвори очите и да го крене пердето па да ви каже што во делот на криминалитетот сте направиле во изминатата година, колку кривични дела имате реализирано и разрешено, кој е процентот на реализација, за колку е зголемен бројот на кривични дела разбојништва и тешки кражби на секое подрачје односно секој СВР😢
Да не биде Ве напаѓаме мислиме секоја чест во време на ПАНДЕМИЈА кога времето на работа на угостителските објекти е ограничено да се фалите со успешни резултати во делот на сообраќајот и тоа е во секој случај добра вест но да заборавите или барем еднаш да имавте доблест да обзнаните каков бил криминалитетот во година на пандемија и да мислите дека никој ништо не ви може е тоа е навистина врвно “Ваше достигнување”🤔😎
🗣️И уште нешто, доста си играте и спинувате резултати на толку сообраќајни акциски контроли во време на ПАНДЕМИЈА се знае какви ќе бидат бројките. Уште еднаш ќе Ве предизвикаме пофалете се со основното – спречен криминалитет, пофалете се дека меѓусебните односи во МВР се подобрени, незаконските распоредувања се минато, набавено униформи ……..итн,итн – за да знаеме колкава била комплетната успешност. Можеби тогаш и ќе Ве пофалиме❗🤔
🎯 На крај почни да го решаваш барем тоа што зависи од тебе како Министер – покачи ги барем еднаш платите во Полицијата барем „1“ процент да допринесеш за подобрување на „ЖИВОТОТ“ на вработените! Немој да се фалиш со покачување на 10 или 20 бодови на вработени кои тие бодови законски им следуваат! ДОСТА ТЕ ЛАЖАТ тие околу тебе…….. сра,мо и жално….😢
❗Министре Спасовски, ТИ си на потег. Доста кампања на Фејсбук дека си „најдобар“ , дозволи друг да те пофали за твојата работа, не оние со кои секојдневно се сликаш и ти викаат дека си најдобар, дозволи да те пофалат оние што не ти седат во „скутот“❗🎯
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА✊, стои во нивниот пост на Фејсбук.
“ЖИВОТ ЗА СИТЕ” беше Вашата парола, слобода на изразување, темелот на владеење, начинот на кој дојдовте на власт со…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Понеделник, 29 март 2021