Гас маски, панцири и плочи ИМАТ СНЕМАНО од “задоволната” Полиција! Синдикат на полиција во Македонија во интерес на полициските службеници, реши да истражува малку на “Google” и социјалните мрежи, а воедно направи споредба од фактичката состојба на терен ,односно да го објасни упатството за користење на комплетот со “Гас маска МC-1”, како и самата гас маска со филтри и останати додатоци за лична заштита (кои во комплетите се почесто ги нема) а комплетот треба да служи во исклучителни вонредни состојби, за лична заштита или помош на други лица, рокот на употреба и слично. Ова подоле е комплет што секој еден полициски службеник задолжително треба да го поседува и го задолжува при лично задолжување по магацините во сите СВР-а ,ПС ОН, и ПС за ГП – ГН кои се во скоп на нашето “упропастено” МВР во Република Македонија. Истражувањето беше запрепастувачко, стои во Фејсбук статусот на Синдикатот на полиција во Македонија.
Тие посочуваат дека дошле до сознанија дека гас маските со филтрите се со век постар и од датумот на раѓање на многу нивни млади колеги, односно наследени од татковците, па дури и дедовците со што не се од никаква корист ,а уште помалку се користат за лична здравствена заштита на секој еден од нив, туку се како моден детал и тоа артефакт кој има “непроценлива вредност”!
– Во продолжение Ви го претставуваме настанувањето, значењето, рокот на употреба, развиток во индустријата која ги произведувала ваквите гас маски , музејските експонати и огласи за малопродажба на Пазар 3 и на слични вакви страници. Ќе се запрашате : Каква поврзаност има сето погоре наведено⁉️ Оставаме енигмата да ја решите сами. На пребарување, Гас маска М-1 односно МС-1 чичко “Google” вели:
„Гас-маската М-1, MC-1, M-59, беше издадена на целиот воен персонал и цивили од крајот на 1960-тите до крајот на 1995 година. Маската се користеше во текот на сите југословенски војни. Таа е директна копија на американскиот M9A1….. Маската користи и многу едноставен код по должината на образот кој ја покажува годината на производство на маската, бројот на серијата и бројот на маски произведени во таа серија. 78-002-007, на пример, би значело дека маската е произведена во 1978 година….Филтрите издадени со маската исто така се означени со датум на производство и сериски број – 83-011 би бил филтер од серијата 11 направен во 1983 година…..” Во продолжение сликовито ви е објаснето упаството за употреба што ние користиме, рокот за користење, за што се користи, развиток на индустријата и колку ние сме заостанале во светот,бидејќи некаде се веќе вон употреба! Исто така овој артефакт може да се најде по ниски цени,односно помалку од една дневница за службено патување, како и музејски експонати во музеите во наши соседни држави, пишува СПМ во Фејсбук објавата.
Тие се обратија до министерот Оливер Спасовски и го запрашаа до каде е набавката на нови Гас маски?
– Дали и Вие Господине „бест офф“ во вонредни состојби ќе користите иста ваква а доколку немате ќе ви подариме купена на Пазар3 или разни пазари што Вие по кумановски ги нарекувате “Бувљаци”! И на крај да прашаме: Зошто и после шест години од Вашето владеење во МВР сеуште немате набавено гас маски, панцири и заштитни плочи за цела Полиција? Каде е тука ре/Презервативниот привезок МПС да преземе мерки за безбедност и здравје при работа? Што има преземено за заштита за животот на полициските службеници?! СРАМ и за двајцата партнери, покажавте и докажавте дека ЖИВОТОТ на полицискиот службеник Ви е рамен на 0- НУЛА.Паролата „Задоволна полиција“ секојдневно ја газите и ставате пред свршен чин. Впрочем таа не постои веќе одамна….За жал, се додава во објавата на Синдикатот на полиција во Македонија.