петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ до Спасовски: Веднаш да се набават нови комплети на униформа за полициските службеници

СПМ до Спасовски: Веднаш да се набават нови комплети на униформа за полициските службеници

Вонредна и “убава” ВЕСТ ‼️
Конечно по изминување на извесен период “пристигнати” се новите комплети на униформа за припадниците на Македонската полиција
Од вчера започнато е со распределба на нови патики од типот „NIKE„ модел „Air Max„ и истите веднаш се распределени на сите припадници на униформираната полиција , па така сега припадниците на Македонската полиција ќе имаат можност своите службени обврски да ги извршуваат опремени со еден од најсовремените светски брендови. НЕКА Е НА ЗДРАВЈЕ
Како што дознаваме официјалната ПРОСЛАВА по овој повод е во завршна фаза каде на самата се повикани целиот државен врв во Република Македонија, амбасадори како и претседатели на држави, ЕУ, НАТО…
Во најкус временски период се очекува промена на Правилникот за носење на службена униформа , со што се отвара можност униформираната македонска полиција наскоро да биде опремена со нови „NIKE„ капчиња ,нови „NIKE„ поло маици и слично
Создаваме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА што значи дека автоматски имаме БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ ….

За жал оваа не е точно, и имајќи ја во предвид состојбата во која што денеска се наоѓа македонскиот полицаец е ЖАЛНО и ТРАГИЧНО !
Македонскиот полицаец , како никогаш до сега е соочен со недостиг на делови од униформа и опрема , а во одредени случаи и со недостиг на комплет униформа , па истите се приморани своите работни задачи да ги извршуваат снаоѓајќи се по принципот „кој како знае и може„ односно од лични средства кои што и онака се сведени на просечниот минималец , се купуваат обувки и делови од гардероба кои што можат да се носат како во приватниот живот така и на работа како дел од службена униформа , или пак со лични средства по приватни шнајдери се шијат делови од униформа или цел копмплет на униформа .‼️‼️‼️
ЖАЛНО и ТРАГИЧНО е како денсека изгледа македонскиот полицаец , кој што претставува лице и огледало на државата во јавноста и во светот ‼️

‼️По кој знае кој пат , како Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ , реагираме и упатуваме јавно Барање до Министерство за внатрешни работи и до министерот Oliver Spasovski , да го напуштат принципот “дрскиот популизам со евтина пропаганда” во кој што најверојатно ни тие самите не веруваат и кој што имаат за навика јавно да го практикуваат сите овие години наназад и конечно да запознат реално да ги согледуваат и решаваат проблемите на македоскиот полицаец и ВЕДНАШ да набават нови комплети на униформа и со истите да ги опремат сите полициски службеници .
Вака Господине Спасовски имате СЕ, само НЕ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА ‼️

Фејсбук статус на Синдикат на полиција во Македонија

 

Најнови вести