“ЖИВОТ ЗА СИТЕ” беше Вашата парола, слобода на изразување, темелот на владеење, начинот на кој дојдовте на власт со борба против т.н. цензура го нарекувавте надеж и тогаш кога некој не убедуваше дека завршил еден “мрачен период” почна цензурата на животот кој очигледно некој (Вие) го пуштил на НАЈЈАКО ‼️ Дали тоа е поради стравот од одговорноста или реален факт од кој Вие се плашите ќе покаже иднината. Сите сме маркирани посебно ние синдикалците и тоа не само ние туку и оние кои во другиот синдикат му покажуваат малку енергија на “Врховниот”. ПРЕМЕСТУВАЊА и незаконски распоредувања фрчат без престан а досие водите за сите нас кој што одговорно Ви ги кажуваме сите мани, стои во соопштението на Синдикатот на Полиција во Македонија.
– ОДГОВОРНОСТА за штетата која намерно и свесно ја нанесовте тешко дека ќе ја понесете, тргнете од тоа г-не Министер дека Вие сте првиот човек на МВР и замислете не сте ПОДОБЕН во НАТО. Одтука ние искрено се запрашуваме кој тука шири лажни вести дали ние кои сме “забранети лично од Вас” или Вие на кого воопшто НЕ МУ ПРЕЧИ неодобрувањето безбедносен сертификати од НАТО и тивко во врска со тоа си молчите наместо да му направите услуга на господинот Премиер и веднаш да си дадете ОСТАВКА. Да бидеме појасни кога одреден колега нема да добие сертификат за класифицирани работи веднаш преставува објект на сомнеж замислете Вие почитуван Министре во овој момент СТЕ ОБЈЕКТ НА СОМНЕЖ НА НАТО, тврдат од синдикатот.
– Значи, одговорноста е во Вас. Ама битно вие “го држите” под контрола членувањето во СПМ. Браво и секоја чест, добро го правите тоа исто како на “времето”. Мора да знаете дека ние пишуваме драг министре и ги запознаваме сите релевантни институции зошто ако не ги запознаеме искрено во спротивно и ние ќе сносиме одговорност за меѓународна компромитација на земјата.
Во секој случај може Вие нема да имате доблест да се соочите со реалноста и да понесете одговорност за БРУКАТА ОД СВЕТСКИ РАМКИ ама еве да речеме може ќе имате доблест и ќе понесете одговорност за бруката во Македонски рамки да Ви ја освежиме меморијата. Ова е ваша објава која кружи секојдневно на вашите портали може ја објавува некој советник (шеф) за кој почна гласно да се зборува дека контролирал неколку сајтови за ваши ВЕСТИ:
“2020 година е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува. Но, ние како министерство продолжуваме со интензивни мерки и активности за оваа бројка да биде многу помала и статистиката од месец јануари покажува дека сме на добар ПАТ. ”
Веројатно срам немате, доблест воопшто или крајно анализите за 2020 се уште ги немате разгледано мислам од што ве лажат нема кој да ви ги отвори очите и да го крене пердето па да ви каже што во делот на криминалитетот сте направиле во изминатата година, колку кривични дела имате реализирано и разрешен, кој е процентот на реализација, за колку е зголемен бројот на кривични дела на секое подрачје односно секој СВР. Еве ви еден пример, треба самиот да се запрашате дали е вистина дека гордо го шетате и тапкате по рамо еден Началник кој мисли дека е најсилен па затоа ставил слика од “Рамбо” на социјалните мрежи а истиот веројатно не ве запознал дека во месец ДЕКЕМВРИ 2020 реализација на тешки кривични дела на подрачјето на неговиот сектор била 0%, ееејјј замислете 0%, посочуваат тие.
– Вие знаете а и ние знаеме ама еве ќе оставиме на Вашата отчетност прво а потоа на истражувачкото новинарство да се позанимава со овие бројки и да побара информација за колку проценти е зголемен бројот на кривични дела “Тешки Кражби” и “Разбојништва” на ниво на секој сектор да не биде го напаѓаме само најјакиот, секторот на “Рамбо”, ние ја знаеме бројката добро е вие да ја обзнаните и да се пофалите пред медиумите. Да не биде Ве напаѓаме мислиме секоја чест во време на ПАНДЕМИЈА кога времето на работа на угостителските објекти е ограничено да се фалите со успешни резултати во делот на сообраќајот и тоа е во секој случај добра вест но да заборавите или барем еднаш да имавте доблест да обзнаните каков бил криминалитетот во година на пандемија и да мислите дека никој ништо не ви може е тоа е навистина врвно Ваше достигнување, велат од синдикаотот.
– За крај да споменеме еве Вас ќе ве потсетиме па запрашајте го било кој колега што нема сертификат што работи, мислиме во кратки црти да не се малтеретирате и тоа да истражувате ќе бидеме фер и ќе ви кажеме НИШТО епа сега вие без НАТО сертификат знаете кај ќе седите на НАТО самитите и што “ќе работите” . И уште нешто, доста си играте и спинувате резултати на толку сообраќајни акциски контроли во време на ПАНДЕМИЈА се знае какви ќе бидат бројките. Уште еднаш ќе Ве предизвикаме пофалете се со основното – спречен криминалитет за да знаеме колкава била комплетната успешност. Можеби тогаш и ќе Ве пофалиме. Вие сте на потег, додаваат тие.