Бидејќи во Министерството за внатрешни работи целата работа ја извршува човечки фактор неопходна е потребата од следење и надгледување на таа работа за да се избегнат пропусти, недоследности па и девијантни појави кои допринесуваат кон неквалитетно, недомаќинско работење кое ќе резултира со неуспешност, намален квалитет и во крајна инстанца до распад на системот на работа и хиерархијата во таа организација, стои во Фејсбук статуост на Синдикатот на Полиција во Македонија.
– Синдикатот на полиција во Македонија многупати како и денес ќе побара одговорност за ваквото неетичко, недомакинско и незрело работење на Министерството посебно од Одделите за правни работи и неговите раководители. Со таквото работење е нарушен угледот на МВР во најмала рака, прекршени правата на работниците, но е нанесена огромна штета на буџетот на МВР, БЕЗПОТРЕБНО Постојат, повторно за жал, многу примери на неодговорно работење во рамките на МВР, но како еден од последните мораме да го издвоиме и незаконското доделување на решенија на работници во МВР со кои се прераспоредуваат надвор од местото на живеење. Да бидеме попрецизни има ли поголем доказ за тоа дека од страна на Државниот инспекторат за труд е утврдено дека најголемиот дел од распоредувањата во Министерството се донесени спротивно на одредбите од Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, велат од синдикатот.
– Да стане појасно Државниот инспекторат за труд утврдил и констатирал дека одлуките за распоредувања немаат образложение со наведени причини за распоредувањето, кон одлуките нема записник од одржаниот состанок на Комисијата и врз основа на што комисијата ја донела одлуката. Решенијата за распоредување биле донесени спротивно на одредбите од член 116 став 2 од ЗВР истите не содржат образложение за причините на распоредување со што работодавачот не ја докажал основаноста на распоредувањето од член 111 од ЗВР Станува збор за стотици и стотици незаконски решенија со кои со незаконскоото работење на правната служба и на Министерот МВР ќе биде дополнително принудено да исплаќа огромна сума од изгубени судски процеси
Знаете ли господине Министер Спасовски зошто е така ?Затоа што комисиите поставени од Вас речиси никогаш се немаат составено во својот состав и претседателите од тие комисии самите си изготвувале незаконски одлуки и ги одлучувале судбините на вработените по секоја цена да им се наштети на работниците, посочуваат.
– Несакаме да навлегуваме во тоа но еве јавно да Ве прашаме зошто и од кои причини на ден 08.02.2021 година ја укинавте ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ИЗРАБОТКА НА РЕШЕНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ЕДИНИЦИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ од 05.05.2020 год.согласно барањата на Европскиот стандард MKC EN ISO 9001:2015
Министре, БАРАМЕ веднаш да престанете со незаконското работење и сите работници кои во изминатиов период добија решенија спротивни на Колективен договор односно се распоредени спротивно на нивната волја надвор од местото на живеење повеќе од шест месеци да се вратат на своите претходни работни места согласно важечките прописи а со тоа ќе покажете и докажете дека патот по кој се стремите да чекорите „Патот кон Европската Унија“ е Ваш пат по кој навистина се стремите.
Во спротивно ќе покажете дека тоа е само фарса и позицијата ја користите за справување со неистомисленици и професионалци кои чесно си го заработуваат лебот од својата професија. Господине Спасовски, време е самиот да започнете да го спроведувате во пракса она што милувате да го презентирате пред јавноста кое во овој момент е мисловна именка во Министерството : РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА, додаваат од синдикатот.