И полицискиот службеник заслужува ДОСТОИНСТВО, немојте повеќе да го газите!, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Синдикат на Пполиција на Македонија.
„Од страна на наши членови побарано е како Синдикат заштита на нивниот пред се живот и нивното здравје.
Имено како што е наведено во пријавата честопати а последен пат при обезбедување на вчерашниот јавен собир пред Владата на Република Македонија УПС кои учествуваа при обезбедување на собирот беа опремени со „Европски“ панцири стари и над 30 години, плочи исто и „Убави и нови“ шлемови стари и тие над 30 години.
За да стане јасно која е поентата, панцирот, заштитната плоча и заштитниот шлем од производителот имаат гарантен рок од само 5 години. Ова значи дека опремата што ја носат полициските службеници при обезбедување на јавните собири е стара и дотраена односно поминат и е гарантниот рок над 25 и повеќе години. Сега ќе го прашаме ОНОЈ кој ги изготвува плановите за обезбедување (најверојатно некој началник во климатизирана канцеларија и сок и кафе на масата и чиста и неиспотена кошула), оној кој ја врши проценката за ризик и ги пушта колегите на „милост и немилост“ неколку часови на овие пеколни температури да ја носат на себе со опрема со поминат рок:
Дали во конкретниот случај е постапено согласно правилата и прописите на Министерството?
Дали воопшто знае кога последен пат е извршено контрола на средствата за работа?
Дали воопшто и кога последен пат писмено е пријавено за недостатокот на опрема и застареност на опремата?
Ова подоле се дел од фотографии кои до нашиот Синдикат ги доставија наши членови со цел да бидат потврдени наводите во оваа наша пријава.
Ја повикуваме внатрешната контрола веднаш после оваа пријава да изврши контрола и да утврди дали во конкретниот случај наводите наведени од наша страна се вистинити или не и за тоа да изготви извештај и да го достави до Министерот.
Го повикуваме Народниот правобранител веднаш после оваа пријава да излезе на лице место и да го констатира наведеното.
Го повикуваме Државниот инспекторат за труд да изврши вонреден инспекциски надзор над наведеното.
Оваа прилика СПM ќе ја искористи да потсети дека Полицијата била и ќе остане темел на безбедноста почнувајќи од поединецот, семејството а се разбира и безбедноста на државата. Во таа смисла го изразуваме нашето цврсто убедување дека, најсигурна инвестиција за безбедност е враќањето на професионализмот на полицискиот службеник, правејќи максимални напори за подигнување на статусот на Полицискиот службеник по сите основи, а од синдикален аспект посебно на статусот на вработените на оваа исклучително важна област за секое општество.
Сликите кои ги презентираме веднаш може да проверите дали се вистинити или не и доволно е да побарате увид во најблиската полициска станица за да стане јасно дека нашата цел не е да штетиме туку да помогнеме на институцијата која основна цел и е „Задоволна полиција безбедни граѓани“. За овие слики во МВР треба да се засрамат сите досегашни раководства кои со ова не ја почитувале ниту основната вредност за заштита на животот на вработените во МВР.
Професионализмот ќе го вратиме тоа го чуствуваат и колегите, бројот на оние кои деновиве пристапуваат и ни даваат јавна подршка расте од час во час и всушност тие се токму таа сила која вие за жал се обидовте за кратко да ја растурите
#синдикатнаполицијавомакедонија
#силанановотовреме, стои во нивниот пост на Фејсбук.